Откако по долго боледување и на 51-годишна возраст почина еден од основачите на групата Комити, Горан Костадиновски – Гокси, својата тага со јавноста ја сподели тренерот на ФК вардар, Александар Васовски.

Во својата порака Васовски вели дека починал еден од најкреативните навивачи и ккреатор на многу навивачки песни за Вардар и негов голем другар.

Своја порака со сочувство до семејството на Горан Костадиновски објавија и од навивачката група Комити, кои порачаа дека легендата за него секогаш ќе живее на Западната трибина.

Си замина еден голем Вардарец, еден од основачите на Комити и еден од најголемите навивачки умови на овие простори. Последен поздрав до нашиот другар Гокси. Вечно ќе биде запаметен. Нека почива во мир…– напишаа неговите другари од навивачката група на Вардар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.