Најтрофејниот македонски клуб Вардар остана и без управа, откако денеска извршниот директор Самоил Симев и претседателот Мирко Спасевски се повлекоа од црвено-црните.
Раководниот двоец кој е во клубот од самиот почеток од доаѓањето на Сергеј Самсоненко заминуваат како последни од клубот, откако во мај лани рускиот бизнисмен објави повлекување.
Не можеме повеќе да го раководиме Вардар, ние решивме во јуни да останеме само за Вардар да не доживее црно сценарио, но сега веќе немаме ни сила, а нема ни финансии за да продолжиме. Се што се вегуваше дека ќе добиеме помош од јули, не се оствари, ама ја исруркавме сезоната. Повеќе не сме во состојба да го водиме клубот, вели раководниот двоец Симев-Спасовски.
Вардар сега се враќа во рацете на град Скопје, кој ќе треба да го гаси пожарот и да го преземе раководењето.
Вардар се враќа кај градот, а тој и ПУИГ се сопственици на Вардар. Оваа оставка е и обид да се сврти вниманието да му се помогне на Вардар. Се надевам дека брзо ќе донесат луѓе во клубот за да не се загуби драгоцено време, брзо почнува преодниот рок, играчите би останале ако се среди ситуацијата, ама…потребна е итна реакција, посочува Симев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.