Фудбалерите на Силекс ја преодолжуваат борбата за одбрана на трофејот во Купот на Македонија.

До пласман во четврт-финалето, кратовци се изборија со победа на гостувањето кај струмичка Беласица.

Пласман меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното клупско натпреварување обезбеди и второлигашот Вардар елиминирајќи го на пенали градскиот ривал Скопје.

Резултати од осминафиналните натпревари:

Академија Пандев – Македонија ЃП 1-1 (3-5 пенали)

Брегалница – Охрид 4-0

Пелистер – Работнички 0-0 (5-4 пенали)

Шкендија – Ренова 5-0

Шкупи – Тиквеш 1-0

Вардар – Скопје 0-0 (4-2 пенали)

Беласица – Силекс 1-3

Струга – Борец 1-1 (5-4 пенали).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.