Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, достави список до клупското раководство со три приоритетни засилувања во јануарскиот преоден рок, јавија вечерва англиските медиуми.

Весникот „Manchester Evening News“, повикувајќи се клупски извори, обелодени дека желбата на Солскјер е од идниот  месец да ги види на „Олд Трафорд“ англискиот репрезентативец од Брајтон, Бен Вајт, како и француските интернационалци, Рафаел Варан од Реал Мадрид и Давот Упамекано од Лајпциг.

Дел од медиумите, во меѓувреме, објавија дека шансите 22-годишниот Французин од редовите на бундеслигашот да го облече дресот на Манчестер јунајтед во јануари се сведени на минимум, по елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од Лигата на шампиони



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.