Ванда Нара изминатиов период постојано е во центарот на вниманието, а причината за тоа е секако нејзиниот сопруг Мауро Икарди, односно обидот таа како негов агент да му обезбеди нов договор со Интер. Односите помеѓу клубот и Икарди се драстично влошени, а тој дури и ја загуби капитенската лента по што дополнително се закомпликува целата работа.
Во тоа удел има и Ванда со своите изјави и потези, но таа верува дека заслужува поголема почит како од Интер така и од јавноста затоа што таа смета дека прави револуција во фудбалот.
Ова е мачо свет и тоа што го правам е револуционерно. Иако има многу роднини кои ги претставуваат играчите, улогата на жените во фудбалот е повеќе поврзана со “останување дома со децата и да бидат тивки“. Затоа ова што го правам е револуционерно, имам пријателки кои се сопруги на фудбалери и многу од нив ми се смејат. Тоа што јас го правам за нив е чудно, но побараа да ги претставувам нивните сопрузи затоа што ги знам, знаат како дејствувам и ги бранам моите интереси.
Не постои криза со Мауро, ниту пак имало. Приказните што излегоа се фантазија и имаат многу малку врска со реалниот живот. Ние сме навистина среќни заедно. Многу е тешко да се биде жена во овој мачо свет, но имам луѓе кои ме почитуваат. Некои луѓе направија разботи за да ме дестабилизираат. Тие отидоа предалеку. Мауро ми дава храброст. Тој не е тип на мачо и тој е прв кој верува во мене. Јас никогаш нема да зборувам лошо за некој роднина, истакна Ванда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.