Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди веќе подолго време одбива да игра за Интер откако му беше одземена капитенската лента. Иако тој се правдаше дека е повреден, медицинските тестови покажаа дека сè е во ред со напаѓачот.

Тренерот Спалети не го стави Икарди во ростерот за вчерашниот дуел против Милан, но сепак неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара смета дека нема никакви проблеми со раководството на тимот и дека во наредниот период тој ќе се врати на теренот.

Имавме состанок со директорот Марота и не постои проблем. Блиску сме за сè ова да заврши. Мауро се опоравува од повредата на коленото и поради тоа не игра. Нема никакви проблеми со соиграчите и сигурна сум дека ќе се врати со тимот наскоро, изјави Ванда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.