Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека неговиот тим мора да ја освои средината на теренот и да победи, без да прими гол во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони против Ливерпул.
Дуелот се игра утре од 21 часот на „Камп Ноу“.
Играме дома и немаме друга алтернатива освен победа. Сфаќаме дека е важно да не му дозволиме на противникот да постигне гол. Треба да внимаваме многу, бидејќи Ливерпул умее да ги користи туѓите грешки и може да го среди противникот за 15 минути. Нашата предност е дека веќе ја освоивме титулата во Шпанија, а противникот се уште се бори за трофејот во Англија, изјавил Валверде.
Според него, Ливерпул е моќен тим, кој умее да притиска и да игра на високо темпо.
Оваа сезона Ливерпул има само еден пораз во англиското првенство, што ја покажува силата на овој тим. Тројката напаѓачи на Ливерпул играат во исклучително темпо и важно е да ги неутрализираме. Треба да го освоиме центарот на теренот и да не дозволиме пасови до тројцата во нападот, рече тренерот на Каталонците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.