Словакот Владимир Вајс, селекторот на Грузија ѝ честиташе на Македонија за пласманот на Европското првенство догодина низ Европа, признавајќи дека вечерва црвено-жолтите беа подобри и заслужено го добија историското финале за настап на континенталниот шампионат.
Иако Грузијците се надеваа дека тие ќе одат на ЕП, вистинска фудбалска треска ги тресеше цел еден месец, па дури и самоуверливи беа дека сигурно ќе играат на континенталниот шампионат, Горан Пандев со еден потег ги расплака, а одговорноста за поразот ја презема Вајс.
„Сите се надевавме дека ќе победиме, но загубивме. Ова е моја одговорност, но таков е фудбалот. Вечерва Македонија беше подобра од нас, заслужено победи во финалето, оди на ЕП и јас им посакувам многу среќа. Ние имавме само еден шут во голот и тоа е премалку. Мојата работа завршува тука, остануваат уште двата меча во Лигата на нации. Жално е што вака завршува“, рече Вајс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.