Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски пред дуелите против Ерменија и Грузија во новото издание на Лигата на Нациите, не сакаше да ја потврди фаворитската улога на „црвено-жолтите“ во натпреварите.

– Се надевам на позитивни резултати на следните два натпревари. Не сакам да кажам дека сме фаворити, бидејќи короната ги „поремети“ брзините. Ќе играме во чуден термин, но како за нив, така ќе биде и за нас. Прво ќе мислиме на Ерменците, а потоа ќе се фокусираме на Грузија, изјави Ристовски.

Тој додаде и дека на тимот му треба малку време да се „рестартира“, да се потсети на некои стари идеи и анализи.

– Подолго време изостанавме на репрезентативен план и сега треба да се стабилизираме, додаде фудбалерот на Спортинг Лисабон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.