Фудбалската репрезентација на Македонија утре во 20 часот, во хотелот “Хилтон“ во Скопје, го закажа првиот собир на нашите најдобри фудбалери, по што ќе почнат и со подготовките пред настапот на Европското Првенство во фудбал кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули на кое ќе учествува прв пат и нашата најдобра репрезентација. Според информациите треба да се јават 26-те фудбалери кои селекторот Игор Ангеловски ги повика за настапа на ЕП.
Со тренинзи се стартува во среда, а базата на репрезентативци ќе биде хотелот “Хилтон“ каде ќе се тренира во спортскиот комплекс на ФФМ .
Одреден е бројот на тренинзи кои ќе се одработат и на Националната Арена “Тодор Проески “во Скопје, каде што ќе одиграме и две пријателски средби со Словенија на 1 јуни и со Казахстан на 4 јуни .
Во Скопје ќе се тренира до 8 јуни кога се патува во Букурешт, а нашиот прв настап ќе го имаме на 13 јуни против Австрија.
Во Букурешт ќе играме и со Украина на 17 јуни, додека потоа играме во Амстердам, каде во последниот меч во групата ќе и гостуваме на Холандија на 21 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.