Селекторот Игор Ангеловски утре претпладне на прес-конференција ќе го објави составот со кој македонската фудбалска репрезентација ќе отпатува на Европското првенство.
Ангеловски, како што е најавено, ќе ги обелодени во јавноста имињата на 26. фудбалери на кои ќе се потпре за натпреварите во групната фаза против Австрија, Украина и Холандија.
Македонската репрезентација својот дебитантски натпревар на европските првенства ќе го игра на 13 јуни против Австрија во Букурешт. На 17 јуни во романската престолнина избраниците на Ангеловски ги очекува мечот против Украина, по што репрезентацијата се сели во Амстердам за дуелот против Холандија на 21 јуни.
Пред заминувањето за Букурешт, македонската репрезентација на 1 јуни во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.