Ако на народот му е забрането, тоа не значи дека е забрането и за функционерите од владејачките партии. На денешниот фудбалски натпревар меѓу Шкендија и Шкупи во публика беа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, собранискиот спикер Талат Џафери, вицепремиерот Артан Груби, градоначалничката Теута Арифи и други партиски и државни функционери.

На трибините имаше и публика, иако тоа со антиковид мерките е забрането. Додека некој плаќа затоа што додека сам се движи по улица ја тргнал маската да земе здив, други смеат да се групираат и дел од нив да немаат маски. Така на пример, Талат Џафери одлучи дека маска не му е потребна. Ќе има ли казна за него?

Од денешниот настан во Тетово, вицепремиерот Груби објави видео и во коментар напиша: „Уриме Шкендија“ (Честитки за Шкендија).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.