Одбранбениот фудбалер на Барселона, Самуел Умтити, се согласува да ја напушти Барселона, но под услов да се пресели во тим учесник во Лигата на шампионите.

Како што пренесува „Диарио Спорт“, тоа е причаната зошто каталонскиот клуб се уште не успева да го продаде 27-годишниот француски фудбалер.

Во последните недели, Барса добила три понуди за Умтити, но тие не ги исполниле желбите на Французинот.

Барселона се надева дека ќе успее да продаде Умтити во друг тим пред почетокот на шампионатот за да ја намали сумата што ќе треба да ја издвои за плати на играчите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.