Украинската фудбалска репрезентација води со 2-0 по првите 45 минути на натпреварот против Македонија (2-0) во мечот од 2. коло од Европското првенство (ЕП) кое е во тек. Натпреварот се игра во Букурешт. Стрелци на головите за Украина беа Јармоленко и Јаремчук.
Најдобриот играч на Украина по четвртиот корнер на натпреварот во 29. минута му избега на Стефан Ристовски и се најде осамен пред голот на Димитриевски, па ја казни заспаната македонска одбрана.
Само пет минути по првиот гол, во 34. минута, Зинченко од Манчестер Сити го проигра Јаремчук, а тој откако избегна офсајд-замка погоди со шут по земја.
Победникот од овој натпревар влегува во борба за следна фаза на ЕП 2020, а поразениот останува без шанса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.