Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучила да има намалување на бројот на градови домаќини на Евро 2020.
Првично Европското првенство требаше да се одржи минатото лето во 12 градови домаќини во 11 држави, но поради пандемијата беше одложен за една година и сега треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година.
Сепак, како што пишува францускиот весник „Ле Паризиен“ пишува дека поради траењето на пандемијата на корона вирусот, УЕФА сериозно размислува првенството да се одржи само во една земја.
Сепак, пред да биде донесено конечна одлука од УЕФА детално ќе ја разгледаат епидемиолошката состојба во секоја земја домаќин и здравствените правила што ќе треба да ги следат учесниците и навивачите.
Доплнителен проблем при организацијата на првенството е војната во Нагорно Карабах, со оглед на тоа што главниот град на Азербејџан, Баку, беше планиран да биде еден од градовите домаќини, но таа опција може да биде отфрлена уште во многу скоро време.
Русија и Германија кандидати за соло организатори
Како што пишува „Ле Паризиен“, во УЕФА сериозно се разгледува можноста Русија да биде единствен домаќин на Европското првенство. Такво нешто предложи самата Русија, организаторот на Мундијалот во 2018 година, од каде дури и понудија можност Првенството да се одржи во првично закажаниот термин, (12 јуни – 12 јули 2020 година). Во таа пригода, Русите ја истакнуваа ниската стапка на заразени од Ковид-19, која беше по неколку десетини на ден, нешто што сега не е случај со оглед на тоа што во последно време во Русија има нагло зголемување на бројот на заразени.
Друга можност за која известуваа водечките спортски медиуми е можноста Европското првенство да биде одржано во Германија. Како предности на оваа опција се наведуваат добрата инфраструктура, но пред се покажната способност на државата и нејзиниот здравствен систем да се справи со епидемијата на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.