Европската фудбалска федерација (УЕФА) размислува да ги одложи натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Ова го објави на Твитер италијанскиот новинар Танкриди Палмери. Причината е ситуацијата со коронавирус.

Пријавено е дека фазата од четвртфиналето може да се одложи се додека не се стабилизира ситуацијата со ширењето на болеста.

Реваншите од осминафиналето треба да се одржат оваа и следната недела. Голем број на натпревари ќе се играат на празни трибини.

Претходно првенството на Италија беше ставено во мирување поради ситуацијата со коронавирус. Пред празни трибини, ќе се одржат натпревари во Шпанија и Франција, во Германија без гледачи утре ќе се игра натпреварот Борусија Менхенгладбах – Келн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.