Најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар најверојатно ќе добие голема казна од УЕФА за своето однесување по натпреварот на неговиот ПСЖ со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите минатата недела.

По завршувањето на мечот, Бразилецот влегол во тунелот на стадинот и почнал да ги напаѓа вербално судијата и другите официјални лица. Причината за неговото незадоволство била досудениот пенал во продолжението на натпреварот, поради кој парижаните беа елиминирани од турнирот.

Според европските медиуми, јужноамериканецот може да добие суспензија од три натпревари, откако Дисциплинската комисија на УЕФА започнала истрага против него. Тој ќе треба да одговара и поради своите зборови на социјалните мрежи по натпреварот, што дури може да ја зголеми неговата санкција. Поверојатно е, сепак, за вториот прекршок да плати парична казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.