УЕФА отвори истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради неговата реакција по постигнувањето на третиот гол на средбата со Македонија на Европското првенство. Искусниот напаѓач беше смируван од капитенот Давид Алаба откако на српски го пцуеше македонскиот фудбалер Езѓан Алиоски, на што реагираше и ФФМ, барајќи од УЕФА да го казни.
УЕФА назначи етичко-дисциплински инспектор за да спроведе истрага во врска со инцидентот во кој беше вклучен Арнаутовиќ на мечот од ЕП помеѓу Австрија и Македонија на 13 јуни, соопшти УЕФА.
Инцидентот се случи во 89. минута, кога Арнаутовиќ упати погрдни зборови кон противнички играчи, пред да се сврти кон публиката. Тој вчера се извини за својот испад, истакнувајќи дека не е расист.
Сакам јасно да кажам една работа: јас не сум расист. Имам пријатели во речиси секоја држава и се залагам за различности. Сите кои ме знаат се свесни за тоа, напиша Арнаутовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.