Откако беше најавено формирањето на новата фудбалска Суперлига, УЕФА одговори со обајвувањето на новиот дормат на Лигата на шампионите

Членовите на Извршниот комитет на УЕФА едногласно гласаа за промена на форматот на Лигата на шампионите и почнувајќи од сезоната 2024/25, во најсилното европско клупско натпреварување ќе учествуваат 36 екипи, четири повеќе од сегашните 32.

Новиот формат предвидува една лига наместо поделба во групи. За време на турнирот, секоја од екипите ќе одигра минимум 10 натпревари. Осумте најдобри ќе се натпреваруваат за трофејот во плејоф формат.

Претходно, медиумите објавија дека членовите на Извршниот комитет на УЕФА, покрај зголемувањето на бројот на учесници, разговараат и за прашањето за обезбедување вајлд карти на некои клубови, што ќе им овозможи да играат во Лигата на шампионите без да ги исполнуваат условите.

Овој формат на турнирот, според УЕФА, треба да ги зголеми приходите на клубовите и профитот за организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.