УЕФА не смее да презема какви било дисциплински мерки или да изрече какви било санкции против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, трите клуба кои се дел од основачите на Суперлигата.

Ваква одлука донело швајцарското министерство за правда, под чија директна надлежност е Европската фудбалска федерација, која е формирана и има седиште во Швајцарија. Како што објави шпанска „Кадена СЕР“, ваквата одлука веќе е официјално доставена до УЕФА и до ФИФА.

Од двете водечки светски фудбалски организации, засега нема официјална реакција ниту информација дали и покрај ваквата одлука, ќе се продолжи дисциплинската постапка што УЕФА ја почна против трите клуба на 25 мај.

Тогаш, УЕФА соопшти дека отвора постапка за сузпензија на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, и нивно можно исклучување од Лигата на шампионите затоа што не се повлекоа од проектот за креирање на Суперлигата како што тоа го направија останатите осум клубови, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.