Европскиот фудбалски сојуз не дозволи стадионот во Минхен за време на натпреварот меѓу Германија и Унгарија во рамките на ЕУРО 2020 да биде осветлен во боите на виножитото, како гест на толеранција, но и сигнал против унгарскиот закон против ЛГБТИ-заедницата. УЕФА својата одлука ја образложи со постоечкиот статут како „политички и религиозно неутрална организација“.
Со оглед на политичкиот контекст на барањето, доставено вчера од минхенскиот градоначалник Дитер Рајтер, УЕФА во денешното соопштение укажува на нужноста од негово одбивање.
На Минхен му е понудено, наместо за време на натпреваро Германија – Унгарија, стадионот да го осветли во боите на виножитото или на 28 јуни, Кристофер стрит деј, или меѓу 3 и 9 јули, кога во Минхен се одржува недела на КСД. Но, во ниеден од предложените термини во Минхен не се одигрува меч во рамките на Европското фудбалско првенство.
Согласно на одлуката на Градскиот совет, донесена натпартиски, минхенскиот градоначалник Дитер Рајтер од УЕФА и Германскиот фудбалски сојуз вчера побара дозвола „Алианц арена“ за врема на натпреварот меѓу Германија и Унгарија да биде осветлена во шарени бои. На овој начин градот сакаше да даде очевиден сигнал против дискриминацијата на хомосексуалните и транссексуалните лица во Унгарија.
Унгарскиот парламент пред една недела, на 15 јуни, донесе закон со кој се забрануваат хомосексуални содржини во книги и филмови достапни до децата. Исто така и во рекламите не смеат да се прикажуваат хомосексуалции транссексуалци како дел од секојдневието.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто гневно реагираше на предлогот за осветлување на стадионот во Минхен во бои на виножито.
Исклучително штетно и опасно е мешањето на спортот и политиката. Историското искуство покажува дека тоа е лоша работа, а првенствео Германците тоа треба добро да го знаат, изјави Сијарто, пренесе новинската агенција МТИ.
Бидејќи Минхен не доби дозвола, други германски стадиони планираат давање сигнал на толеранција со осветлување во шарени бои. За време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Германија и Унгарија, во боите на виножито ќе светнат фудбалските стадиони во Франкфурт и во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.