Мечот помеѓу Македонија и Косово од Лигата на нации може да биде одложен поради состојбата со корона вирусот во Европа. УЕФА се уште нема одлука а многу појасно ќе биде задутре кога ќе се одржи состанок во Нион.
Мечевите од Лигата на нации се закажани за 26 март и иако се одложат би можеле да се одржат во средината на април. Меѓутоа проблем е згуснатиот распоред поради натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа како домашните првенства кои треба да завршат порано поради Европското првество кое е во јуни.
Постојано сме во контакт со владите на земјите во кои има регистирано случаи на корона вирус. Ќе разговарамр и со претседателите на националните сојузи ќе ја донесеме одлуката. Здравјето е приоритет и тоа е пред спорот-велат во УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.