Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) започна процес на кандидатура за домаќин на Европското првенство 2028 година, првото што ќе се судри со Светското првенство доколку телата на ФИФА го поддржат предлогот за одржување на Светско на секои две години.
Земјите можат сами да се кандидираат за домаќин, и постои можност да конкурираат заедно, но мора да бидат географски компатибилни. Пан-Европското првенство, како што се одржа оваа година, повеќе не е посакувана опција.
Оние што ќе се пријават за домаќин мора да пријават десет стадиони, а најмалку еден од нив мора да има минимален капацитет за 60.000 гледачи.
Апликациите од заинтересираните ќе бидат прифатени до 23 март следната година, а УЕФА ќе објави на 5 април кои земји ќе влезат во потесниот избор за домаќини. Победничката кандидатура или кандидатури ќе бидат објавени во септември 2023 година, објави УЕФА.
Домаќин на ЕВРО 2024 е Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.