На состанокот на челниците на УЕФА преку виде-конференција со сите претседатели на националните федерации. Првата точка беше експресно решена, дуелот меѓу Македонија и Косово, како и останатите баражи за пласман на ЕП кои требаше да се играат кон крајот на месецот се одложени, истите најверојатно ќе бидат поместени за март следната година.

Ова лето нема да гледаме ниту Европско првенство, кое е одложено за следната година, поточно ќе се одигра во периодот од 11. јуни до 11. јули поради корона вирусот.

Во тек е вториот дел од конференцијата на УЕФА. Истиот се однесува на донесување одлука околу начинот на кој ќе финишираат клубските натпреварувања како Лигата на шампионите, Лигата на Европа и домашните клубски натпреварувања.

УЕФА дава предлог сите национални шампионати да завршат до 28 јуни, а финалето од Лигата на шампионите да се игра во Истанбул на 30 јуни. Со оглед на тоа дека во Италија, Шпанија и Англија владее голема паника како последица на коронавирусот за оваа точка многу е веројатно дека нема да има заеднички договор. Се очекува УЕФА да закаже нов ваков состанок во наредните две недели и да се следи ситуацијата со пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.