Како што јавува Радио Монте Карло, УЕФА одлучи по кратка постапка да ја заврши актуелната сезона во Лигата на шампионите која е прекината во осминафиналето.

Досега пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Лајпциг, Аталанта, ПСЖ и Атлетико Мадрид, додека останатите реванш натпревари од осминафиналето ќе почнат да играат во август, а завршницата во ЛШ да се одработи за 21 ден.

На 8. и 9. август ќе играат Барселона -Наполи, Баерн Минхен – Челси, Манчестер сити – Реал Мадрид и Јувентус – Олимпик Лион.

По само три дена, поточно во вторник и среда, планирано е да се одиграат првите четвртфинални натпревари.

Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 29 август во Истанбул, додека финалниот дуел од Лигата на Европа ќе се игра три дена порано во Гдањск.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.