Европската фудбалска асоцијација ги казни украински Шахтјор и италијански Лацио кои ќе мора да затворат дел од своите стадиони во натпревари од клупските натпреварувања за следната сезона поради расистичко однесување на нивните навивачи.

Санкцијата за Украинците е поради банер поставен од навивачите за време на натпреварот со Ајнтрахт Франкфурт од Лига Европа. Приврзаниците на Лацио пак демонстрираа нацистички поздрави од трибините на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ за време на гостувањето кај Севилја во февруари.

УЕФА испрати инструкции до двата клуба за тоа колку и кои сектори треба да се затворат. За Шахтјор ќе биде трибината на која беше подигнат дискриминаторскиот и расистички банер. Исто така на оваа трибина на стадионот „Металист“ во Харков треба да биде поставен банер со натпис „Equal Game“ и логото на УЕФА.

За користење на пиротехника, клубот од Доњецк беше дополнително казнет со 10.000 евра. Што се однесува до Лацио, клубот добил и парична казна од 20.000 евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.