Вчера прекинатиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Башакшехир ќе се доигра вечерва од 19 часот, при што дуел ќе продолжи од 14. минута во која дојде прекинот.

УЕФА одлучи да ги суспендира судиите од Романија, па на продолжението на натпреварот, правдата ќе ја делат судии од Холандија и Полска.

Главен судија ќе биде Дани Макиели од Холандија, а прв помошник неговиот сонародник Марио Дикс. Втор помошник Марсин Бониек од Полска, додека четвртиот судија ќе биде исто така од Полска, Бартош Франковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.