Во 35-то коло од италијанското фудбалско првенство, Удинезе вечерва на домашен терен одигра 0-0 со Интер, освојувајќи значаен бод во борбата за опстанок.

Екипите на „Дачија арената“ во Удине одиграа за по бод во натпревар кој не донесе надигрување, имаше интензитет, но изобилуваше со грешки и речиси без вистинска можност да се загрози противничкиот гол.

Интер е трет со 63 бодови, четири повеќе од четвртата Аталанта и пет повеќе од петтата Рома, кои имаат меч помалку а римската „Волчица“ ќе атакува на едно од места кои водат во Лигата на шампионите следната сезона. Удинезе е 17-ти со 34 бодови, пет повеќе од 18-тиот Емполи кој е на местото од кое се игра квалификации за останување во Серија А. До крајот на шампионатот останува уште едно коло следната седмица.

Во недела на програмата се мечевите Емполи – Фиорентина, Лацио – Аталанта, Парма – Сампдорија, Сасуоло – Фросиноне, Џенова – Рома и Наполи – Калјари, а во понеделник Милан ја пречекува Болоња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.