Поранешниот фудбалер Хуан Диего Гонзалез (40) загина на свиреп начин, а неговото тело било расечено и во неколку вреќи било фрлено во реката Меделин, во истоимениот град во Колумбија.
Информацијата ја потврди и локалната полиција, додавајќи дека телото е идентификувано благодарение на отисоците. Заедно со него било пронајдено уште едно тело на 19-годишно момче, но засега не е јасно на кој начин се поврзани со фудбалерот.
Според некои медиуми Гонзалез наводно имал нерасчистени долгови, па веројатно тоа е причината за убиството, иако полицијата тврди дека засега нема сознанија или информации за мотивите за ваквото грозоморно убиство.
Тој во кариерата настапуваше за бројни клубови во татковината, а играше уште и во Мексико, како и во американската МЛС-лига, каде во 2011 година ја заврши кариерата носејќи го дресот на Филаделфија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.