Битолчани не успеаа навреме да го исчистат снегот кој го натрупа теренот на стадионот, па денеска нема услови да се одигра мечот меѓу Пелистер и Вардар.

Пресметката се одложува за две недели, на 14 декември откако ќе заврши есенскиот дел во Првата и Втората лига.

Останатите три меча ќе се одиграат според првичниот распоред, денеска од 13 часот играат: Шкендија – Струга ТЛ, Македонија ЃП – Шкупи и Силекс – Брегалница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.