Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел ја бранеше ѕвездата на тимот, Нејмар по критикитe на негова адреса. Бразилецот се најде во центарот на вниманието, откако нападна фан на Рен по финалето на Купот на Франција помеѓу двата тима.

Тимот загуби по пенали, а Бразилецот удри навивач, кој претходно го испровоцира.

Можеби реакцијата на Нејмар е во спротивност со принципите на нашиот клуб. Секогаш е лесно сепак да се суди отстрана за активностите на еден фудбалер како него, прокоментира тренерот на ПСЖ, цитиран од медиумите во Франција.

Германецот изјави дека сепак тимот верува во него и тој е многу важен дел од идните планови на парижаните.

Кога Нејмар ќе го отвори срцето, тогаш тој е предмет на емоции. И во случајот беше така. Тој е добар човек, навистина многу добар човек, додаде поранешниот тренер на Борусија Дортмунд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.