Ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион посака да има неколку мега дуели во осминафиналето на Лигата на шампионите, а меѓу нив е и двобојот меѓу англискиот и францускиот гигант, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Тренерот на „светците“, Томас Тухел, по извлечената ждрепа изјави дека е задоволен од добиениот противник и верува во победа над Јунајтед и пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.
Лигата на шампионите е тешко натпреварување во кое играат само големите екипи. Затоа, доколку сакаме успех ќе мораме против секој противник да играме максимално ангажирано, и да не го потценуваме. Што се однесува до мојата прогноза, мислам дека сме способни да го победиме Јунајтед дури и на „Олд Трафорд“, рече германскиот стратег.
Првиот меч се игра токму во Манчестер во февруари, додека реваншот во Париз е закажан за почетокот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.