Македонската фудбалска репрезентација се соочи со проблеми пред денешниот меч против Естонија во групата од Ц-дивизијата, откако тројца членови на селекцијата, од кои еден фудбалер, добиле „претпоставени позитивни резултати“ на последните тестирања за ковид-19.

Сите членови на македонската репрезентација добија негативни резултати по тестирањата направени во лабораторија на УЕФА, но на најновите тестирања тројца членови на селекцијата биле сомнителни за ковид-19, додека останатите 38 се негативни.

Овие три лица, еден фудбалер, еден член н а стручниот штаб и еден од техничка служба чии имиња не се откриваат, ќе мора да бидат изолирани во хотел.

Македонија, исто така, на натпреварот нема да може да смета на Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу и Аријан Адеми.

извор: Спорт1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.