Ајакс синоќа и стави крај на тригодишната доминација на Реал Мадрид во Лигата на шампионите откако Холанѓаните ги победија „кралевите“ со 1-4 во реваншот од осминафиналето на „Сантијаго Бернабе“ и го исфрлија шампионот од ЛШ.
Агонијата за „кралскиот клуб“ започна уште на стартот на средбата кога Зиеш во седмата минута ја затресе мрежата на Куртоа, за 11 минути подоцна Нереш да го дуплира водството на гостите. Реал во првите 45 мин. од мечот имаат и проблеми со повредени играчи, па Винисиус и Лукас Васкез мораа да излезат од игра.
Во вториот делТадиќ беше прецизен од 16 метри за 0-3, а Марко Асенсио во 70 минута ги врати надежите на домаќините. Сепак, нивната радост беше кратка бидејќи Шоне во 72. мин. го постави крајниот резултат.
Ова беше трет пораз за Реал на домашен терен во само 6 дена, откако вечниот ривал Барселона ги порази минатата среда (0-3) во Купот и уште еднаш минимално со (0-1) во сабатата во Примера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.