Шкендија го елиминира романскиот клуб Ботошани во квалификациите за Лига Европа, а тренерот Ернест Ѓока мора да биде задоволен од триумфот на гостински терен и фактот што тетовци се изборија за дуел со Тотенхем.
По натпреварот во Ботошани, Ѓока ја истакнал борбеноста на своите играчи кои славеа благодарание на голот на Ибраими постигнат уште во 2. минута од средбата.
Одигравме борбено и заслужено победивме, а играчите се најзаслужни за овој успех.Успеавме навреме да поведеме, а после тоа и да се одбраниме, награда за тоа е пласманот во третото коло каде не чека Тотенхем. Се работи за голем клуб со многу успеси и финалист на Лигата на шампионите пред две сезони, но за Тотенхем ќе размислуваме од утре, вечерва имаме право да се радуваме на победата, – изјавил Ѓока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.