Тренерот на Рома, Пауло Фонсека ги критикуваше своите фудбалери по синоќешниот натпревар во Серија А со Наполи (0:2).

– Веројатно немаме менталитет да се бориме за најдобрите четири. Во првото полувреме видов тим без храброст, ментално ранлив. Генерално, ова не е играта што сакаме да ја прикажеме. Не успеавме во првото полувреме затоа што ни недостасуваше храброст. Сите сме одговорни за ова, затоа што кога се плашите да играте, станува премногу тешко.

Фактот дека второто полувреме беше сосема поинакво. Тоа зборува за проблеми со психологијата, изјави Фонсека.

По 28 натпревари, Рома се наоѓа на 6. место на табелата во Италијанскиот фудбалски шампионат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.