Фудбалот во Италија викендов конечно се врати по тримесечна пауза и уште на првиот натпревар се покажа дека последици од коронавирусот се огромни.

Непосредно пред натпреварот од Серија Б помеѓу Ливорно и Читадела (0:2), како што е обичај низ цела Европа, беше одржано едноминутно молчење во чест на сите жртви од коронавирусот.

Токму во тие моменти емоциите излегоа од тренерот на Ливорно, Антонио Филипини кој не можеше да ги сопре солзите. Имено, Филипини ја загуби мајка си која исто така почина од коронавирусот.

Во Италија од коронавирусот починаа 34.610 лица, додека повеќе од 238.000 беа позитивни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.