Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги сподели своите ставови за тоа како клубот се справува со трансферите.

– Веројатно зборуваме за најпроблематичниот трансфер пазар во последните години. Се обидуваме да се приспособиме. Клубот, сопствениците, јас – нашите интереси се совпаѓаат. Сакаме да го направиме нашиот тим многу посилен. Знаеме дека за ова уште треба да работиме. Сите клубови сега се соочуваат со финансиски проблеми. Но, сопствениците сакаат да инвестираат во тимот, сакаат тој да стане подобар и да бараат повеќе. Во исто време, мора да се најде рамнотежа, бидејќи нашата позиција мора да остане стабилна.

Имаме уште многу прашања за решавање, истакна Артета за „ЕСПН“.

Арсенал заврши на осмото место во Премиер лигата на крајот на сезоната 2020/21 и не се пласираше во евро-куповите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.