Бројни трансфери меѓу најсилните европски фудбалски клубови донесе самата завршница на летниот преоден рок.
Најсилно одѕвони враќањето на францускиот репрезентативен напаѓач Антоан Гризман во мадридски Атлетико. Французинот го носеше дресот на Барселона од 2019 година, а се враќа во Мадрид како позајмен фудбалер со можност Атлетико да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.
Барселона, пак, го доведе Холанѓанецот Лук де Јонг од Севиља, како позајмен играч и го пријави неколку часови по истекот на преодниот рок.
Бројни медиуми во Шпанија по тој повод објавија дека комплетниот систем за пријавување на фудбалери крахирал и оти клубовите успеале навреме да ја завршат потребната процедура во такви случаи.
Актуелниот шпански првак Атлетико, од своја страна, го пушти Саул Нигуез на позајмица во европскиот првак Челзи, кој има право на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.
Активен на крајот од преодниот рок беше и француски ПСЖ, кој го донесе Нуно Мендеш од лисабонски Спортинг, додека во спротивна насока замина Пабло Сарабија, и двајцата како позајмени играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.