Дали е на повидок вистинска трансфер бомба? Како што пишуваат италијанските медиуми, Јувентус би можел по завршувањето на сезоната да ја продаде најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо. Причина не е тоа што челниците на Јуве не се задоволни од Португалецот туку финансиските проблеми во кои се наоѓа клубот по корона кризата.

Веднаш се јави и заинтересиран за Роналдо, а тоа е Челзи кој е подготвен да издвои 120 милиони евра. Тоа не е голема сума за газда Абрамович кој со Роналдо би одел на нова титула по пауза од неколку години, а Премиер лигата ќе добие на гледаност со враќањето на Кристијано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.