Јувентус очекува да се раздели со напаѓачот Кристијано Роналдо во летото 2021 година.
Според „Tuttomercatoweb“, италијанскиот клуб очекува да го размени Португалецот со ѕвездата на Пари Сен-Жермен и бразилската репрезентација Нејмар.
И на двајцата играчи клупските договори истекуваат во 2022 година, така што на крајот од сезоната ќе можат да менуваат екипи.
Оваа сезона, 35-годишниот Роналдо настапи на пет натпревари, постигна шест гола и забележа една асистенција, додека 28-годишниот Нејмар на шест средби постигна два гола и направи четири асистенции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.