Млад авганистански фудбалер загина при слетување на американски авион, додека се обидувал да избега од Кабул. Станува збор за 19-годишниот Заки Анвари, кој играше за националната младинска репрезентација. Неговото тело беше пронајдено во транспортниот авион „Ц-17“ на американското воздухопловство, во кој се превезуваа стотици бегалци од Авганистан.

Се верува дека Анвари починал откако се обидел да се задржи за надворешната страна од американскиот воен авион. Се претпоставува дека бил фатен во опремата за слетување, а неговите останки биле пронајдени отворот за тркала од страна на екипажот на американскиот авиони.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.