Две фудбалерки смртно страдаа, а уште три се тешко повредени кога гром удри на стадион за време на женски фудбалски натпревар во Мексико сити.

Според информацијата на весникот „Ел Универзал“, натпреварот бил прекинат поради пороен дожд, но пет фудбалерки се вратиле на теренот за да ги соберат топките. Во тој момент, гром удрил во непосредна близина на стадионот, по што две загинале на лице место, а останатите биле сериозно повредени.

Настраданите итно биле хоспитализирани и утврдени им се масивни изгореници по кожата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.