Поранешниот директор и легенда на Рома, Франческо Тоти откри дека клубот имал договор со Антонио Конте, но самиот тренер одбил. На крајот, стратегот го презеде Интер.

Со извршниот директор Гвидо Фиенга контактиравме со Конте. На претседателот Палота му се допадна тоа како идеја. Им реков дека само тој сега може да ја трансформира Рома. Се видовме и зборувавме многу пати. Самиот Антонио се согласи, но подоцна ме повика да ми каже дека се премислил. Конте ќе направеше револуција тука, бидејќи ќе требаше да продадеме многу играчи, рече Тоти.

Иконата на Рома на прес-конференција го објави своето заминување од клубот поради недоразбирање со раководството.

Имаше написи дека Римјаните исто така преговарале со Маурицио Сари, кој вчера потпиша со Јувентус.

Лично, никогаш не сум разговарал со Сари. Тој беше миленик на членот на одборот на директори, Франко Балдини. Се разбира, тој е одличен ментор кој би се справилдоброи тука. Но, тој имаше договор со Челзи, објасни Тоти.

На крајот, Рома на тренерската позиција го назначи Паоло Фонсека, кој досега го предводеше Шахтјор (Доњецк).

Од она што го гледам, Пауло е одличен стратег. Неговата работа во Украина беше импресивна. Сега Фонсека мора да создаде порелаксирана атмосфера која ќе му ја олесни работата, заврши Тоти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.