Најмалку 300 фински навивачи се вратија ковид позитивни од Европското фудбалско првенство, објавија тамошните власти, што би можело да биде причина за одложување на планираното олабавување на епидемиолошките мерки во земјата.

Дневниот број на новозаболени во Финска од 50 се збголеми на преку 200 во минатата недела, ниво што се очекува да продолжи да расте, предупредија властите.

Јасно е дека пораст на нови случаи се должи на враќањето на навивачите од фудбалското ЕП, тврди Мика Салминен од здравствениот Институт на Финска.

Проучувајќи ја нивната возраст, јасно е дека многу од нив не примиле две дози од вакцината против ковид, додава Салминен.

Локалните здравствени власти објавија дека на подрачјето околу Хелсинки се откриени над 200 инфекции што се случиле во Русија.

Финскиот здравствен Институт проценува дека меѓу 4.000 и 6.000 Финци отпатувале на натпреварите во Санкт Петербург, град кој урива рекорди по бројот на смртни случаи во Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.