Рома го победи Торино со 1-0 на Олимпико со голот на Теми Абрахам во 32. минута. Мхитарјан одлично го проигра Абрахам, а напаѓачот прецизно пласираше и ја смести топката во мрежата.

Неколку минути подоцна, Ел Шарави беше соборен во шеснаесетникот и досуден пенал, но ВАР на момент откажа, па се чекаше пет минути за да се утврди дека Абрахам на почетокот од акцијата бил во милиметарски офсајд и одлуката на теренот да се поништи.

Торино во продолжението од мечот се обиде да стигне до изедначување, гостите имаа иницијатива, но Рома умешно се бранеше и стигна до трите бода на овој меч.

Рома е петта на табелата во Серија А со 25 бодови, додека Торино е на 13. место со 17 бодови.

Тимот од Рим во следното коло гостува кај Болоња, а Торино го пречекува Емполи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.