Коментаторот на македонската телевизија Тони Стојановски, кој ја мотивира Македонија, а го воодушеви Балканот со коментарите пред и по натореварот, ден по катарзата порача дека македонштината во неговото срце е поголема од сите партии.

Иако Македонија се воодушеви од говорот на Стојановски, на социјалните мрежи започна „војна“ на политичка основа, па се бараше казна за него од раководството на јавниот сервис, па коментаторот на МТВ, посочи дека ниту имал, ниту добил некаква политичко-партиска директива за сето тоа.

Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино или пред Пржино. Ова не е само фудбалски пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Македонштината во моето срце е поголема од сите партии, кои може да згаснат во кое било време, но припадноста кон земјата ќе остане да постои, вели Стојановски во изјава за „Фактор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.