Играчот за врска на Реал Мадрид и репрезентацијата на Германија, Тони Крос, повеќе нема да игра за националниот тим, објави „Билд“.

Натпреварот од осминафиналето на Европското првенство против Англија (0:2) беше последен за 31-годишниот фудбалер во репрезентативниот дрес.

Се очекува деновиве Крос официјално да објави пензионирање во националниот тим.

Крос игра за репрезентацијата на Германија од 2010 година. Со својата селекција тој стана светски шампион во 2014 година.

Покрај тоа, Крос има и бронзен медал од СП 2010 и две трети места со Германија на Европските првенства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.