Во сина маица, шорцеви, патики и очила за сонце, во редот пред месарницата Ла Качота и едно познато лице – Роберто Манчини „Нормалниот“.

Манчини е фотографиран пред месарницата во родното село Јеси во областа Анкона.

Италијанскиот селектор ги користи слободните денови да ги посети своите родители Фотографијата настанала кога излегол да испазари за нив. Мајка му Маријана има проблем со коленото, а татко му Алдо правел операција на срцето.

Морам да мирувам, роден сум 1935-та и натпреварите ги гледам на ТВ. Всушност, финалето на Вембли на сите ни даде повеќе отчукувања на срцето. Ама кажете колку беше убаво?“, вели таткото на Манчо за неделникот Дипју.

Инаку откако Роберто купи месо за неговите, седна да се види со другарите од детство и направи гужва пред кафулето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.