По четири децении, легендарниот југословенски фудбалер Златко Вујовиќ дозна дека е 19-ти најдобар фудбалер во Европа уште во 1981 година.

Имено, Вујовиќ таа година беше кандидат за освојување на Златната топка, а за тоа дозна четири децении подоцна.

Поранешниот играч на Хајдук од Сплит далечната 1981 година заврши на 19. место во борбата за престижната награда, а дури деновиве од хрватските новинари дозна дека гласале за него …

Имаше четири бода, исто колку и англискиот фудбалер Тревор Брукинг, па двајцата го поделија 19. место во годината што ја одбележа Карл-Хајнц Румениге!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.